Медицински совет

Краткиот здив е многу непријатно чувство, а неможноста да вдишеме доволно воздух може да биде застрашувачка за секого. Особено ако не сте сигурни која е причината за тоа. Се разбира, додека трчате или вежбате, може да се случи тоа, но ако останете без здив кога одите по скали, седите или јадете, тоа треба да ве замисли. Сана Кудус од медицинскиот центар „Лојола“ во Чикаго, САД, ги открива причините за губењето на здивот без поголема физичка активност.
Како прва причина таа ја наведува анксиозноста.
– Во стресна состојба, одговорот на телото е борба или бегство, а тоа значи побрз пулс и дишење и тогаш може да почувствувате како да немате воздух – вели докторката.
Втора причина се алергиите или астма.
– Изложеноста на алергени или иритирачки супстанции во воздухот може да ги поттикне симптомите на астма – вели д-р Кудус.
Причина за губење на здивот може да биде и анемијата, бидејќи ако имате недостиг од црвени крвни зрнца што носат кислород до вашите ткива, може да се чувствувате уморно, со вртоглавица и отежнато дишење.
Исто така, краткиот здив е предупредување за можни проблеми со срцето, а понекогаш и за срцев удар.