Напивка од целер што го подобрува здравјето

Напивките од целер имаат голем број благодати за организмот, а во последно време тие станаа многу популарни, за што е заслужна Ентони Вилијам од „Медикал медиум“.
Со консумирањето сок од целер се врши детоксикација на организмот, но и се подобрува квалитетот на кожата и косата. Се приготвува на следниот начин: две стебла целер, јаболка и лимета прво се сечкаат на парчиња, а потоа се ставаат во блендер. Сокот се пие свеж.
Целерот го користеле и Старите Египќани, пронајден е во Тутанкамоновата пирамида, која датира од 1323 година пред нашата ера. Се користел и во стара Грција, а се споменува и во Хомеровите дела „Илијада“ и „Одисеја“.
Оваа билка содржи многу витамини, но и го забавува процесот на стареење. Исто така содржи и витамин К, кој ги штити коските и срцето. Целерот е одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, на витамините Б и Б6, витаминот Ц и многу други минерали. Во исхраната се користат коренот, стеблото и листот.