Куркумата го подобрува човековото здравје

Куркумата е чудотворен зачин. Таа не само што ѝ дава на храната убав вкус туку може да влијае и на подобрување на човековото здравје. Всушност, куркумата во Индија се користи како лек илјада и повеќе години. Таа е полна со куркумин, кој има силно антиоксидантно дејство.
Куркумата се користи како додаток во некои лекови за ублажување воспаленија. Куркуминот е познат и по тоа што го блокира молекулот ХФ-кБ, кој патува во јадрото на клетката и го активира воспалението. Значи, кога јадете куркумин или го земате како додаток, можете да го намалите воспалението.
Антиоксидантите може да ги блокираат оксидативните оштетувања. Тие се врзуваат за слободните радикали и ги неутрализираат пред да направат штета.
Куркуминот ги чисти и крвните садови, а со тоа ја подобрува работата на срцето.
Научни студии покажале и дека куркуминот може да ги забави растот и ширењето на канцерогените клетки.
Студиите исто така покажеле дека куркуминот ја ублажува болката. Особено е ефикасен кај лицата болни од артритис.