Најмоќниот природен антибиотик

Комбинацијата на состојки позната како „златен мед“, односно куркумата и медот се природен антибиотик што го штити, збогатува и негува целиот имунолошки систем. Овие состојки го зајакнуваат имунитетот, штитат од болести и многу добро се борат против респираторните инфекции. Куркумата содржи антиинфламаторни, антиоксидантни и имуностимулациски својства. Медот е веќе познат како природен засладувач, неверојатно здрав, а во комбинација со куркума прави чуда за организмот.

Овие две состојки ја подобруваат работа на цревната флора, ги смируваат симптомите на настинка и болести и се одлични во борбата против респираторните инфекции. Приготвувањето е многу едноставно, потребни ви се 100 грама мед и лажица куркума. Измешајте ги состојките и ставете ги во тегла. Користете дрвена лажица за консумирање бидејќи медот лошо реагира на металот. Може да го ставите во чај или млеко, вкусно е и лесно се вари.