Храна што помага за регулирање на крвниот притисок

Лошата исхрана е еден од клучните фактори за кардиоваскуларни болести. Храна што треба да ја јадете за да го намалите крвниот притисок, секако во комбинација со пропишаните лекови:
– Бананата е богата со калиум, кој е клучен за намалување на крвниот притисок. Истражување спроведено во Индија покажа дека ако земате две банани на ден, притисокот се намалува и за 10 проценти.
– Целерот е моќен диуретик и му помага на организмот да се ослободи од
токсините. Освен тоа, содржи хранливи состојки што овозможуваат регулирање на притисокот. Се препорачува да се консумира суров, во салати или исцеден како сок.
– Лимонот ги проширува крвните садови и ги прави пофлексибилни. Пијте чаша топла вода со исцеден лимон на празен желудник, без шеќер, и тоа практикувајте го секојдневно.
– Лукот го намалува холестеролот и ја подобрува циркулацијата, а со тоа го снижува притисокот. Најдобро е да се зема суров, а може и во вид на капки (6-8) двапати дневно, со чаша вода.