Витаминот Д како тајно оружје против ковид-19

Британските научници претставија две истражувања што ја покажуваат директната поврзаност меѓу падот на имунитетот поради коронавирусот и недостигот од витаминот Д, пренесува „Телеграф“. Вадим Бекман, еден од авторите на истражувањето, вели дека високо ниво ода овој витамин во организмот би можело да влијае врз намалувањето на стапката на смртност од вирусот.
Во рамките на испитувањето што се одвивало во универзитетската болница „Реина Софија“ во Шпанија, 50 од 76 заразени пациенти добивале витамин Д, а преостанатите 26 не. Се покажало дека 50 отсто од болните што не добивале витамин Д завршиле на интензивна нега. Со други зборови, витаминот Д ги намалува шансите да дојде до компликации.
Иако луѓето најмногу го добиваат витаминот Д со изложеност на сончева светлина, го има и во конзервираната риба, лососот, печурките, сирењето, јајцата и во говедскиот црн дроб.