Голем број испитувања сведочат дека би требало да се вложат дополнителни напори за да се намали внесувањето на солта во организмот. Имено, доколку го консумирате премногу овој зачин, може да имате здравствени проблеми опасни по животот.
Која е главната причина за срцевите болести? Тоа, секако, е високиот крвен притисок, кој често е поттикнат од големо внесување сол во храната што ја јадеме. Хипертензијата исто така е водечка причина за мозочен удар, срцеви проблеми и болести на бубрезите.

Меѓутоа, дури и ако никогаш повеќе не посолиме некое јадење, веројатно и натаму секојдневно ќе внесуваме премногу натриум, бидејќи тој ѝ се додава на готовата храна во вид на додаток за арома, за текстура и боја, но и како конзерванс – наведува Си-ен-ен.

Една нова анализа, спроведена на над 133 случајно избрани испитаници што го намалиле внесот на сол во организмот, дава цврсти докази што би се случило доколку се намали количеството сол во исхраната што ја јадеме. Не само што крвниот притисок е намален кај хипертензичарите туку и кај луѓето што не спаѓаат во ризичната група.
– Хипертензијата порано се дијагностицирала кога горниот притисок е 140, а долниот 90. Денес тоа е случај ако имате притисок 130/80, бидејќи веќе со 130/90 почнуваат да се случуваат промени во бубрезите и доаѓа до стврднување на артериите – вели доктор Фергус.

Голем број истражувања сведочат за тоа дека би требало да се вложат дополнителни напори за да се намали внесот на солта, со што секоја година би се спасиле милиони луѓе што умираат од мозочни удари и од срцеви заболувања.