Напивка за свеж здив

Голем број луѓе имаат проблем со тоа што здивот, и покрај редовното миење на забите, не им мириса баш пријатно, па поради тоа избегнуваат блиски контакти, а во радикален случај и се повлекуваат во изолација. Еве еден предлог за напивка што лесно можете да ја приготвите во домашни услови, а значително ќе го намали негативниот ефект.
Потребни состојки: 2 лимона, 1 чаша топла вода, ½ лажица цимет во прав, 1 лажица мед и 1 лажиче сода бикарбона.
Приготвување: во еден сад измешајте сок од лимон со цимет и мед. Потоа додајте ги содата и водата. Претурете во стаклено шише и добро промешајте.
Смесата можете да ја користите и како течност за плакнење на устата. По неколку дена ќе забележите промени во усната празнина и намалување или целосно елиминирање на забниот камен.
Напомена: по користење на течноста за плакнење, не смеете да ги четкате забите и да јадете барем половина час.