Знаци дека имате потреба од повеќе сонце

Сончевата светлина е неопходна за човековиот организам. Благодарение на неа во телото се синтетизира витаминот Д. Тој може да се внесе и преку храната (риба, рибино масло, млеко и млечни производи, жолчка од јајце), но количеството и квалитетот не можат да се споредат со синтетизираниот во нашиот организам, под дејството на сончевите зраци на нашата кожа.

Бидејќи долго сме затворени дома поради вонредната состојба, нашето тело не може да го добие доволното количество витамин Д, кое е поврзано со низа животни функции. Кои се знаците што предупредуваат дека ни недостига витамин Д?
Чувство на депресија и лошо расположение. Поради изолацијата секој човек се чувствува нерасположено и тоа е сосема нормално.

Затоа ние тешко можеме да го разграничиме ова чувство од депресија предизвикана од недостиг од витамин Д. Исто така, знаци дека ви недостига витамин Д се и намален имунитет, зголемено потење, зголемена тежина, мускулна слабост, хипертензија, кардиоваскуларни заболувања и други болести.