Попладневниот сон е добар за срцето

Ако имате навика да спиете попладне, не грижете се, тоа не е ништо лошо, велат стручњаците. Напротив, попладневниот сон е добар за срцето.
Токму оваа навика ги намалува крвниот притисок и ризикот од инфаркт, а поборници на попладневната дремка од околу еден час биле и Маргарет Тачер и Винстон Черчил.
Спиењето по ручекот, освен што го намалува притисокот, го смалува и ризикот од кардиоваскуларни болести и од срцев удар, откриваат лекарите од Европското здружение на кардиолози.

Попладневниот сон од шеесетина минути или нешто повеќе исто така ја намалува потребата од земање лекови што го намалуваат притисокот. Британските премиери Тачер и Черчил редовно ја споредувале оваа практика, со објаснување дека за непречената работа на мозокот е потребно да му се даде одмор во текот на денот.
Истражувањето спроведено на 386 луѓе на возраст од 60 години, кои имаат висок крвен притисок во текот на денот, докажало дека лицата што попладне дремнувале имале за 4 отсто понизок притисок кога биле будни и за 6 проценти кога спиеле. Ризикот од срцев удар кај нив бил помал за 10 отсто.