Помага за детоксикација на телото: со потењето се ослободуваат токсини, кои инаку може да предизвикаат негативни последици на нашата кожа, како што се акни, мозолчиња и затворени пори.
Своевидна замена за пилинг: со потењето се исфрла големо количество природна сол и на тој начин кожата се ослободува од природната нечистотија, која се обидуваме да ја отстраниме со разни третмани и пилинзи.

Интересно е дека потта им е добар пријател на лицата што имаат проблеми со слухот, со испукана кожа и со алергии.
Ја подмладува кожата: со оглед на тоа дека преку потењето се исфрлаат разни токсини, кожата станува посвежа и посјајна. Тоа најдобро ќе го увидите по интензивен тренинг, во моментите кога телото се ослободува од штетните состојки.

Спречува кожни болести: потта во својот состав има дермицидин, природен антибиотик што се активира во солената киселкава пот и ги убива микробите на кожата. Според истражувањата, таа е исклучително ефектна во сузбивањето на настинките и на кожните заболувања.