Прошетката на плажа го унапредува менталното здравје

Едно неодамнешно истражување покажа дека синото опкружување е корисно за менталното здравје. Исто како и зеленилото и синилото на водната површина придонесуваат за добра физичка и психичка состојба на луѓето. Зелени опкружувања се: паркови, шуми и други простори со многу зеленило, додека сини опкружувања се: плажите, езерата, реките, па дури и фонтаните. Всушност, секаде каде што има вода, тоа е син простор.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето што живеат покрај море (езеро и река) се посреќни, а најновото истражување го поткрепува ова тврдење.
Истражувачите од Институтот за глобално загревање во Барселона утврдиле дека дури и кратка прошетка на плажа може да го подобри менталното здравје и да помогне во борбата против депресијата.

Тие анализирале 60 лица пред, за време и по прошетка на плажа во период од три недели. Во текот на првата седмица волонтерите минувале 20 минути дневно шетајќи на плажата во Барселона, во текот на втората недела шетале по улиците далеку од водата, а во третата 20 минути дневно одморале во затворен простор.