Колку е важен витаминот К за нашиот организам

Страниците на светските магазини, особено во време на пандемијата, се преполни со написи за благодатите на витаминот К. Сепак, многумина од нас не знаат зошто тој е значаен за човековиот организам.
Витаминот К ја означува коагулацијата, односно ги активира протеините потребни во процесите на згрутчување, помага во зараснувањето на раните и го спречува претераното крвавење. Овој витамин ја претставува групата на слични органски соединенија. Витаминот К1 го има во зелениот зеленчук, како спанаќ и брокула, а К2 најчесто го има во жолчката.

На голем број бебиња им се даваат инјекции со витамин К, з а да се спречат ретките но сериозни крвавења. Инаку, бебињата се раѓаат со низок степен на овој витамин. Исто така се тврди дека витаминот К го поттикнува работењето на срцето и влијае на квалитетот на коските. Сепак употребата на овој витамин не смее да биде претерана, бидејќи преголемата концентрација може да биде штетна за организмот.

Неодамна една холандска студија ја покажа поврзаноста меѓу пациентите со потешки облици на коронавирусот и недостигот од витаминот К во организмот. Сепак, корелацијата не е причина. За да може витаминот К да ги заштити пациентите од потежок облик на воспаление на белите дробови, треба да се направат детални испитувања.