Како да спречите анксиозност по самоизолација

Стручњаците појаснуваат како да се избориме со потенцијалните проблеми при напуштањето на самоизолацијата.
Постепено приспособување кон секојдневието – За почеток организирајте дружење со блиски личности, односно со оние на кои им верувате и со кои се чувствувате пријатно во своја кожа. Постепено, проширете го кругот и соочете се и со личностите и ситуациите што ве прават нервозни. На тој начин ќе овозможите полесно надминување на непријатните ситуации.

Замислете си како ќе изгледа средбата без непријатни ситуации – Не размислувајте дека нештата ќе тргнат наопаку, туку дека за почеток ќе имате заедничка тема на разговор, а тоа е изолацијата.
Стравот е дозволен – Имајте предвид дека секој на свој начин се бори со проблемите. Поделете ги своите стравови со блиски личности и можеби на тој начин ќе се идентификувате со туѓите проблеми, а тие со вашите.

Вежби на дишење – Доколку сте во можност најдете време за нив, а освен тоа станете поотворени при споделувањето на емоциите. Во крајна линија, без воздржување побарајте стручна помош.