Обично повредите се случуваат кога ќе претераме со вежбање и кога сакаме што побрзо да ги видиме резултатите. И студените и топлите облоги влијаат на протокот на крвта и го насочуваат, па, така, ја ублажуваат болката и делумно го забрзуваат заздравувањето. Топлината ја забрзува циркулацијата и така го зголемува дотекот на кислород, со што се забрзува и исфрлањето на штетните материи. Студените облоги, пак, го забавуваат протокот на крвта, а така се намалува воспалението и се затапува болката.

Студена облога ставајте – доколку сте се повредиле во последните 48 часа (шинат зглоб, повреден прст, истегнат мускул), болниот дел е натечен, по операција за да се намалат отокот, крвавењето и модринките, при хронични повреди на атлетичари. Доколку користите студена облога, можете да употребите вреќа со коцки мраз или со замрзнат зеленчук. Најдобро е претходно да ја завиткате со тенка крпа. Не држете ја облогата повеќе од 20 минути.

Топла облога ставајте – ако имате хронична болка – вкочанетост, болка во мускулите и во глобовите, за хронични состојби како вкочанети тетиви. Загрејте го подрачјето пред вежбањето за да ги избегнете евентуалните повреди. Ако сте подложни на повреди на одреден дел на телото. Доколку користите топли облоги употребувајте грејачи, топли крпи, топла вода. Не третирајте ја повредата повеќе до 20 минути.