Tерапевтските својства на камилицата ги користеле и древните цивилизации, а еден од најчестите начини за консумирање е преку пиење чај, чие повеќекратно позитивно дејство ќе ве поттикне да го пиете секој ден. Ако имате проблеми со несоницата или сте биле цел ден изложени на стрес, со пиењето чај од камилица пред спиење ќе му помогнете на организмот да се опушти. Камилицата содржи флавоноиди, кои го поттикнуваат чувството на опуштеност и сонливост, и ја намалуваат несоницата.

Ги намалува грчот на мускулите и менструалните болки. Токму поради своето смирувачко дејство, чајот од камилица може да ги опушти и вашите мускули, а исто така да ги намали и менструалните болки. Го подобрува варењето. Камилицата се користи за релаксација на вознемирен желудник и како средство за добро варење на храната. Го јакне имунитетот. Чајот од камилица има антибактериско и антивирусно својство, што го прави ефикасно природно средство во борбата против болестите.

Камилицата со векови се користела и за лекување кожни заболувања, рани, а може да се употреби и за нега на лицето, за смирување егзема, акни, како и за намалување модринки и изгореници од сонце.