Речникот „Колинс“ ги објавува зборовите што годинава цврсто се врежаа во британската лексика. Тој секоја година открива нови и зборови на годината, без оглед на тоа дали Британците мразат нови зборови и дали сакаат да го заштитат јазикот или претпочитаат јазик што се развива – освежен со нови кованици, споени два збора и термини што рефлектираат поголем настан. Оваа година списокот на нови зборови е токму тоа.
Поприлично користен, многу актуелен термин што се проби во списокот и јазикот е мегзит (неформална именка).

За разлика од заминувањето на Велика Британија од ЕУ, мегзит се одвиваше мазно, по објавувањето на војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, на нивниот план да се повлечат од кралските должности во јануари годинава.
Според „Тајмс“, поимот првпат бил забележан во 2019 година, кога весниците го користеле за персоналот што го напушта домаќинството на војвотката, но стана многу актуелен по 8 јануари, кога двојката ја објави намерата да се повлече.