Медиумите јавуваат дека Меган Маркл ја изгубила првата битка од тужбата против „Асошејтед Њуспеперс“, издавачот на британски таблоид „Меил он сундеј“. Таа го тужеше таблоидот за непрофесионално и неправилно известување за неа и за принцот Хари.

Прелиминарното сослушување се одржа мината недела. Судијата Варби бил во судница во Лондон, додека адвокатите и новинарите биле вклучени преку видеоврска. Судијата ги отфрлил сите обвиненија во тужбата поврзани со приватноста на војвотката од Сасекс.

Според Меган медиумите ги малтретирале и го искористиле нејзиниот татко Томас Маркл и покрај тоа што тие не разговарале две години. Адвокатите на Меган Маркл објавија дека ќе ги обезбедат сите потребни докази со што ќе се докаже дека весникот го искористил таткото на војводката од Сасекс.

Aдвокатотите на таблоидот, пак, реагирале пред судијата зошто издавачот е обвинет за манипулирање, злоупотреба, засрамување и искористување на Томас Маркл, кога Меган Маркл не комуницирала со својот татко.

Меган пред судот доставила писмо и пораки упатени до нејзиниот татко, како доказ. Тоа се приватни пораки уште пред нејзината свадба и меѓу кои се наоѓа и одлуката на Томас да не присуствува на истата. Според Меган таблоидот го вмешал нејзниот татко не за да ја покаже вистината туку со намера да ја омаловажи во јавноста.