Шпанецот Хорхе Бланко, поранешниот личен тренер на Меган Маркл за шпанското издание на „Венити фер“ открива во дека со војвотката комуницирале на неговиот мајчин јазик за време на нејзините тренинзи во кикбокс и боречки вештини, пренесува „Дејли мејл“.

Поранешниот личен тренер на Меган Маркл открил и дека тој уживал додека работел со Меган затоа што таа била „симпатична“.

Хорхе Бланко, по потекло од Сарагоса, Шпанија, живее во Торонто и ја тренирал Меган во боречки вештини, кикбокс и бокс, додека таа живеела таму за време на снимањето на американска телевизиска серија „Костуми“.

Тој рече дека војвотката од Сасекс му зборувала на шпански, но со аргентински акцент. За време на студиите по меѓународни односи, Меган, на 20-годишна возраст, работела како помлад асистент-служеник за печат во американската амбасада во Аргентина.

Страста на војвотката од Сасекс за фитнес е добро позната, откако во повеќе наврати зборуваше за нејзината љубов кон пилатесот и јогата.