Меган Маркл ќе мора да плати 88.629 евра судски трошоци поради делумно отфрлање на спорот против издавачот на таблоидот „Мејл он сандеј“. Таа го обвинува издавачот на „Мејл он сандеј “ за намерно мешање во односите меѓу неа и нејзиниот татко, како и за поттикнување на нетрпеливост. Тужбата на Маркл е во врска со објавување на писмото што таа го напишала на нејзиниот татко, минатата година, пренесува „Нешнл пост“.

Маркл се согласила да ги плати трошоците. Висината на трошоците како и писмениот судски поднесок биле објавени уште на 22 јули, за што прв известил „Мирор“.

Томас Маркл, таткото на Меган кој живее во Мексико, долго време е во своевиден конфликт со Меган и со нејзиниот сопруг, принцот Хари. Се започало со несогласувањата меѓу Томас и Меган пред нејзината венчавка, откога тој почнал да зборува со медиумите за нивната врска.