Италијанскиот поп-уметник и активист Александро Паломбо, ја искористи Меган Маркл како и другите членови на британското кралско семејство, преку нивно прикажување како цртани ликови од популарниот серијал „Симпсонови“ за да ја допре темата за еднаквост. Паломбо е познат по сатиричните и шарени илустрации кои привлекуваат внимание за важни социјални теми, со помош на поп-културата.

Уметникот и активист, создаде 30 различни дигитални илустрации со Меган. Во некои Меган е во придружба други членови на кралското семејство, вклучувајќи ја и војвотката од Кембриџ, кралицата и принцот Хари.

– Меган Маркл, благодарение на својата привилегирана позиција, може да биде глас на жените од целиот свет и да биде одлична порака за новите генерации – вели италијанскиот уметник.

Покрај Меган Маркл и принцот Хари, Паломбо ги претворил и Кејт Мидлтон, принцезата Дијана и кралицата Елизабета Втора во ликови од „Симпсонови“.

– Ни требаат повеќе жени како Меган Маркл, силни, храбри и способни да ги наметнат своите идеали за да ги натераат другите да ги слушнат – вели Паломбо.

Меѓу славните што тој за свои проекти ги претворил во ликови на „Симпсон“ се Амал и Џорџ Клуни, Ким Кардашијан и Канје Вест, Адел, како и Кејтлин Џенер.