Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, не можеше да присуствува на погребот на војводата од Единбург, принцот Филип, поради напредната бременост. Таа напиша порака и внимателно го избра венецот за погребот на дедото на нејзиниот сопруг.

Пораката за венецот што војводата и војвотката од Сасекс ја оставија во капелата Сент Џорџ е напишана од Меган, користејќи го своето знаење за калиграфијата, а таа погребот го гледала на телевизија од својата куќа во Калифорнија.

Лекарот ја советувал Маркл да не лета со авион, поради напредната бременост со второ дете на овој брачен пар.

Меган и Хари лично избраа цвеќиња од локален извор – вклучувајќи ги и т.н. мечкини панталони или мека јаглика, националниот цвет на Грција.

Венецот содржи и ѕвона за благодарност и вечна љубов, рузмарин во знак на сеќавање, лаванда како знак на посветеност, заедно со рози како знак за јуни – месецот на раѓање на Филип.