Меган Маркл, војвотката од Сасекс, на 8 јуни ќе ѝ ја претстави на јавноста својата прва книга за деца, инспирирана, како што вели таа, од односот меѓу принцот Хари и нивниот син Арчи.
Книгата ја илустрираше наградуваниот илустратор Кристијан Робинсон, а Меган ќе го чита аудиоизданието.
Како што изјави војвотката, Меган најпрво напишала песна за сопругот на Денот на татковците, а по еден месец се родил Арчи. Потоа, со текот на времето, ја развила идејата и ја напишала книгата со наслов „Клупата“, а издавач е „Рендом хаус“.
– Се надевам дека „Клупата“ ќе најде место во секое семејство, без оглед на составот, исто како и во моето – изјавила Меган.