Меган Маркл и принцот Хари, наводно, и понудиле работа на поранешната холивудска советничка на Дејвид и Викторија Бекам, пренесува „Експрес“.

Меган и принцот Хари продолжуваат да го создаваат својот тим советници во транзицискиот период во нивниот живот во Лос Анџелес. Откако официјално се повлекоа од кралските обврски, војводата и војвотката од Сасекс го сменија својот тим за комуникација, префрлајќи се од советниците на Бакингемската палата на експертите за односи со јавноста во „Саншајн Сакс“.

Се верува дека двојката се обидела да ја регрутира Ребека Мостов, искусна собетничка која работела за Викторија и Дејвид Бекам.

– Ребека е исклучително дискретна, вредна, професионална и со децении работи со славни личности. Таа е точно е она што Хари и Меган го бараа и им била препорачана – изјави извор на британски „Сан“.

Ребека Мостов почна да соработува со семејството Бекам во 2007 година, кога фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам потпиша договор со Лос Анџелес галакси.

Холивудската советничка порано работела со уште неколку славни личности меѓу кои се и пејачите Принс и Сил.