Меган Маркл е повторно бремена. Таа и принцот Хари очекуваат бебе. Војводата и војвотката од Сасекс открија дека малиот Арчи ќе стане поголем брат, пренесуваат медиумите.

– Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде поголем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете – се вели во соопштението на портпаролот на парот.

Бакингемската палата исто така објави соопштение по возбудливата најава.

– Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат добро – рече портпаролот.

Новиот член во семејтвото Сасекс ќе биде петто внуче на принцот Чарлс.