Меган Маркл дебитира како приватен инвеститор и веќе ја посочи Опра Винфри како задоволна клиентка, пренесува магазинот „Пипл“.

– Војвотката ја направи својата прва приватна инвестиција – потврди портпаролот на Маркл за нејзината инвестиција во фирмата за здравство „Клевр блендс“, додавајќи дека „таа е инвеститор во компанијата“.

На веб-страницата на Маркл се наведува дека таа започнува од „Фанки-поп-ап кафе-бар“ во Санта Барбара, Калифорнија, каде што „Клевр блендс“ онлајн продава пијалоци со хранливи состојки. Маркл ќе донира и процент од својот месечен профит.

Познатата водителка Опра Винфри преку Инстаграм јавно се пофали дека нејзината сосетка Меган Маркл и испратила производи од компанијата во која инвестирала.