Меган Маркл ја обвини Бакингемската палата за ширење лаги за неа и за принцот Хари во најновиот исечок што го најавува интервјуто со Опра Винфри, кое ќе се емитува в недела во САД, пренесуваат светските медиуми.

– Не знам како тие мислат дека ние ќе молчиме по сето ова време, ако кралското семејство има активна улога во одржувањето лаги против нас – вели Маркл, во првото интервју кое го дава со принцот Хари, откако пред една година излегоа од кралското семејство.

Весникот „Тајмс“ вчера објави дека против Маркл била поднесена жалба за малтретирање додека таа сѐ уште била во кралското семејство. Жалбата, наводно, била поднесена во 2018 година од страна на член на кралскиот персонал. Бакингемската палата соопшти дека ќе спроведе истрага.