Некои од најпознатите ѕвезди во Велика Британија ќе бидат меѓу соседите на принцот Хари и на Меган Маркл, поради што тие ќе бидат третирани како кралско семејство, и покрај тоа што му свртија грб на кралското семејство, пишува британски „Експрес“.

Британскиот милијардер Алки Дејвид, е наследник на семејството Левентис со грчко потекло. Во 2008 година тој станал мнозински акционер на „Левентис Дејвид Груп“, која ги поседува фабриките за флаширање „Кока-Кола Хеленик“ во 28 земји.

Алки Дејвид зборувајќи од приватната плажа што ја споделува со мноштво свезди во Малибу, и каде што кралскиот пар наводно, бара дом, рече дека стратегијата која стои зад нивниот потег е многу паметна.

– Она што луѓето не го сфаќаат е дека Малибу полека стана „мала Британија“ и дека западниот брег сега е центар за најпаметните и најдобрите од Велика Британија. Можам да скокнам до комшијата Стиг и тоа само на неколку куќи подалеку за еден литар млеко. Британскиот актер од акционите фимови Џејсон Статам ми е сосед веднаш од другата страна, Сајмон Коуел е на улицата позади, Крис Мартин од Колдплеј е зад аголот, глумецот Џерард Батлер беше овде со години, мојот пријател актер во Малибу, Џонатан Рис Мејерс… списокот на креативни британски таленти е бесконечен – вели Алки Дејвид.

.Богатите се селат од Лондон во Лос Анџелес. Луѓето се опуштени, ставот е поинаков, најголемите светски филмови се прават тука, не во просторија за состаноци, туку често со чаша вино покрај плажа, смета Дејвид.

– Меган направи мудар потег и ќе биде одлично за нејзината кариера, таа ќе биде околу креативни луѓе кои ја сакаат – вели тој.

Милијардерот Дејвид вели дека луѓето ги потценуваат мегазделките направени таму.

– Светот има погрешен впечаток дека Лос Анџелес е само сонце и за купување. Реалноста е дека ја надминува Силиконската долина по технолошки зделки, го води светот на забавни зделки од секаков вид. Тоа е место каде што се управува со идеите кои се менуваат низ светот. „Снап“, „Спејс екс“, „Тиндер“, „Јутуб“, сите тие се тука во Лос Анџелес, технолошките компании знаат дека никаде не е потопло. Питер Тиел штотуку ги пресели своите операции тука – човекот кој го основаше „Пејпал“ и ги откри Закерберг и Маск, и кој ретко кој прави погрешен потег – објаснува Дејвид.

Тој и самоиот може да се пофали од успехот постигнат во Лос Анџелес.

– Направив некои од најголемите зделки во годината седејќи на мојата плажа. Мојата здравствена компанија „СвисИкс“ штотуку потпиша договор со британските научници за употреба на антивирусни својства на отров од змија за да помогне во услови на сегашната криза. За тој договор би било потребно многу подолго време за да се финализира во Њујорк или Хонг Конг. Од сопствени извори знам дека кралската двојка разгледуваше имотот наречен „Петра Манор“ во дел од познатата Сера Ретрет област во Малибу. Кога ќе се приклучат на заедницата, мојата девојка и јас ќе ги дочекаме на плажа на пијалок и ќе ги запознаеме со другите Британци што се овде – порача Дејвид.

Долгогодишна партнерка на Дејвид е ѕвездата на „Тик Ток“, Лејла Кју, модел кој годинава достигна 100 милиони прегледи на платформите за социјални медиуми.

Таа вели декана Меган ќе и се допадне враќањето на Западниот брег.

– Мислам дека овој потег навистина ќе ги отвори очите на тоа како социјалните медиуми можат да го поттикнат привлечноста на парот кон нова публика. Ќе ја поканам да ми се придружи во специјалното видео на „Тик Ток“. Платформата е популарна во Азија. Принцезата Дијана беше икона, а Меган може да стане исто така. Нејзината креативна страна ќе се расцвета. Тука ќе заработи многу и ќе има бројни понуди. Таа, исто така, ќе ужива со својата драга пријателка, актерката Пријанка Чопра, редовно присутна во Малибу. Модните брендови се исто така фантастични. Знам дека Меган ќе може да го пронајде најдоброто од сè – смета Лејла Кју.

Дејвид има совет за Хари додека се прилагодува на американскиот ритам на живот.

– Културата на Велика Британија никогаш не може да се повтори – вели тој. „Секој ден ја отворам апликацијата „Филм Он“ на мојот телефон и ги гледам Би-би-си и „Ај-ти-ви“, да се нахранам малку со вестите, најдобрите во светот – вели милијардерот.