Меган Маркл и принцот Хари наводно се подготвуваат да го забрзаат нивното заминување од Велика Британија и веќе бараат куќа со цел да се преселат во Северна Америка, пишуваат светските медиуми.

Тие изминатиот месец го поминаа на нивниот имот во Ванкувер вреден 10 милиони фунти, но сега, според последните информации, сакаат да го продолжат својот престој во Северна Америка. Тие наводно се во потрага по куќа на Западниот брег на САД, во Лос Анџелес.

– Тие сакаат да бидат во Канада, но разгледуваат куќи во Лос Анџелес. Најверојатно ќе имаат куќи и на двете места – истакна извор близок на двојката, за магазинот „Пипл“.