Меган Маркл и принцот Хари ја одложија својата стратегија за ребрендирање поради пандемијата на коронавирусот.

Војводата и војвотката ги ставија сите холивудски планови на чекање затоа што водат мирен живот во Лос Анџелес.

Вчера кралскиот експерт Камила Томинеи рече дека нивното „ребрендирање на славните“ е „ставено во мирување“.

Меган и Хари се решија ребрендирањето да го одложат, бидејќи тие не би ја добиле посакуваната медиумска покриеност, како и проценката дека е „несоодветно“ да се ребрендираат во ова време.

– Ние разбираме дека овој голем потег се одвиваше во брзање. Тие патуваа со еден од последните летови на Канада за да стигнат до Америка и во моментот тие изнајмуваат и бараат некаде дом, можеби на плажата во Малибу – додаде Томинеи.

– Но, сите планови за започнување со нивната нова добротворна организација се одложени – вели Томинеи.

Разговарајќи зошто парот со бебето Арчи го избраа Лос Анџелес, Томини одговорила: Тоа е нејзиниот роден град, тоа е местото каде што порасна, каде се наоѓаат сите нејзини пријатели.