Освен што ќе отсуствуваат годинава од семејното божиќно собирање во Сандрингам, што во монархијата е традиција со векови, принцот Хари и Меган Маркл ќе пропуштат и неколку други настани што кралицата ги подготвува секоја година. Британските медиуми дознаа и дека двојката нема да присуствува ни на вечерата во Бакингемската палата, која долги години се одржува во чест на послугата и вработените во кралската фамилија, а која кралицата сама ја финансира за да покаже благодарност за нивната верност и посветеност.

Хари и Меган ќе го пропуштат и предбожиќниот ручек во палатата на која се собираат сите членови на британското кралство. Имено, тие ќе заминат на одмор на непозната локација, а празниците ќе ги поминат со мајката на Меган. Дорија Рагланд.

Инаку, во Сандрингам, по божиќниот појадок, семејството оди пеш до локалната црква во Норфолк, освен кралицата, која ја возат во автомобил, а тоа е атракција за целото место и жителите едвај го чекаат овој настан. На прославата треба да се придружи и 98-годишниот принц Филип, кој долго не се појавил во јавност, а кој своето време во пензија го поминува токму на имотот во Сандрингам. Во попладневните часови машките членови на семејството одат на традиционалниот лов на птици, а жените чекаат во дворот со чајанка.