Работата од дома и наставата во училиштата преку онлајн платформи за учење станаа секојдневие. Компанијата „Мајкрософт“ објави податоци засновани на анализа на трендовите на интернет, состаноците и учењето на далечина, и претстави интересни податоци дека е постигнат нов рекорд во дневниот број минути на состаноците – 2,7 милиони минути за еден ден!
Како што наведуваат од компанијата, тоа е раст од 200 проценти во однос на 900 милиони минути, што беше дневен рекорд во март годинава. Ова, исто така, директно укажува на зголемената побарувачка за технолошки можности за состаноци и комуникација на интернет.
Дури 183.000 корисници во 175 земји ја користат платформата „Мајкрософт тимс“ за образование, што овозможува формирање виртуелна училница.
Корисниците на платформата вклучувале видео двапати почесто отколку пред епидемијата на коронавирусот, што јасно ја покажува важноста на контактот лице в лице и физичките врски за луѓето што учат и работат од далечина, а вкупниот број на видеоповиците во март бил 1.000 проценти. Оваа платформа најмногу се користи во Норвешка и во Холандија, во дури 60 отсто од состаноците на интернет.