Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два милиона долари за помош на загрозените по ударот на ураганот Флоренс во Северна Каролина.

Џордан израснал и ги направил првите чекори во кошарката во Вилмингтон, градот што е меѓу најпогодените од ураганот. Сопственикот на кошаркарскиот клуб Шарлот Хорнетс одлучи да донира милион долари за Црвениот крст и еден за фондацијата која ќе им помогне на граѓаните.

– Добро е чувството кога имате како да помогнете. Јас сум еден од среќниците кои направиле неверојатна кариера. Сега се чувствувам уште подобро, оти можам да им помогнам на луѓето во мојот роден крај- изјави Џордан, кој инаку и играл кошарка на колеџ вo Севернa Каролинa.

Тој планира и да го посети својот крај во најблиска можна иднина.