Дорија Рагланд се преселила да живее со Меган и Хари и нивниот син Арчи, кои привремено престојуваат во вилата на Тајлер Пери во Лос Анџелес, која се проценува дека чини 14,5 милиони фунти. Дорија се преселила да им помогне околу нивниот син Арчи, пренесува „Експрес“ повикувајќи се на сопствени извори.

– Дорија има свои простории за престој и додека неколку бивши девојки на Хари му забележуваат дека живее со мајката на сопругата, тој има добри односи со неа – тврди изворот на „Експрес“.

„На Хари, нејзината дискретност и молк многу му значат“  вели друг извор на „Дејли мејл“.

Извор на неделникот „Ју-ес викли“, пак, потврдува дека Рагланд продолжува да живее со Меган, Хари и Арчи.

– Ова е најмногу време што таа поминала со нејзиниот внук од неговото раѓање – вели изворот.

Се претпоставува дека Рагланд се буди рано за да му се чита на Арчи.Таа и Меган му подготвуваат „ органска“ храна, според друг извор кој разговарал со американскиот неделник.

– Тие нарачуваат прехрамбени продукти од супермаркетите „Хол фудс“ или „Трејдер Џоус“ но сега немаат готвач, па Меган често готви – според информациите од упатените во случувањата во семејството на Хари и Меган Маркл.