Модната дизајнерка Маја Кикириткова ја лансира својата најнова летна капсуларна колекција инспирирана од старовремските моменти и летата поминати на Матка.
– Токму поради тоа и се одлучив самата фотосесија да биде направена на кањонот Матка. Многу од старите скопјани, летата ги поминувале токму овде, па со една модна приказна сакам да ги доловам овие убавини. Убавина, природа и мода споени во едно – вели Маја.

Материјалите од кои е изработена колекцијата се памук и лен во комбинација со свила. Дизајните се летни, лелеави, модерни со старовремски моменти, за долги топли лета, вели таа.