Животни

Мачките сфинкс се меѓу најскапите миленичиња поради нивниот специфичен изглед – чинат од 3.500 до 6.000 долари. Оваа здрава раса е создадена преку природна генетска мутација.
Во поново време, размножувањето на сфинкс-мачката започнало во 1966 година во Торонто, Канада, кога обична, црно-бела мачка со кратко крзно омачила машко маче без влакна. Оваа раса мачки не се склони кон сериозни генетски или здравствени проблеми. Кога станува збор за нивниот карактер, тие се лојални, игриви и уживаат да бидат во центарот на вниманието на луѓето. Сакаат да се дружат со други раси на мачки, но и кучиња.
Тие немаат „класично“ крзно, но имаат тенки влакна на ушите, лицето, опашката и шепите. Поради оваа причина, тие треба да се чуваат во затворени простории бидејќи се многу чувствителни на студ и лесно можат да изгорат на сонце. Исто така, треба нежно да се бришат со влажен сунѓер секој ден за да се спречи акумулација на маснотии на кожата, а да се искапат еднаш неделно.
Овие мачки се со средна големина. Женките можат да тежат само шест килограми, додека поголемите мажјаци можат да тежат дури 14 килограми. Тие можат да се приспособат на секој дом, сѐ додека сопствениците се подготвени да ги сакаат и да им ја обезбедат потребната грижа.