Авионите прават многу бучава, но еден нов материјал би можел да промени сè.
Тим научници развија нов и неверојатно лесен материјал што може да ги „замолчи“ моторите на авионите и да го намали нивниот волумен до 16 децибели. Ова значи дека волуменот на моторот од 105 децибели може да се намали на волуменот на фен за коса.

Новиот изолациски материјал би можел да почне да се употребува за 18 месеци, а научниците истакнуваат дека е многу лесен. Се состои од графен оксид и поливинил алкохол, а неговата тежина на кубен метар е само 2,1 килограми. Тоа значи дека е значително полесен во споредба со другите материјали за звучна изолација.

Материјалот би бил дел од моторите на авионите, а речиси и да нема зголемување на нивната тежина. Научниците продолжуваат да работат на оптимизирање на материјалот во надеж дека ќе ги подобрат неговите можности за дисипација на топлината, што ќе ја зголеми безбедноста на авионите и ќе ја намали потрошувачката на гориво.

Иновативниот материјал може да ја промени целата авионска индустрија, но исто така може да има големо влијание и на други полиња.
Ќе следува тестирање со користење вистински мотори на авиони, а во иднина може да се користи и за хеликоптери, автомобили и слични мотори.