Во градот Баколод, на Филипините, неодамна се случи традиционална масовна венчавка на 220 двојки, под покровителство на Владата на оваа држава.
Невестите и младоженците, кои решија на овој начин да го кажат судбоносното „да“, носеа заштитни маски за лице поради страв од коронавирусот. Поради тоа, годишната масовна венчавка беше понеобична од претходните години, па освен носење маски за лице, вклучуваше и претходни здравствени проверки, објави Би-би-си.