„Лоши момци 3“ (Bad boys 3), повторно се снима по 15 години пауза. Овој филм треба да се најде во кината на 17 јануари 2020 година.

Иако еден од главните глумци, Мартин Лоренс, минатата година изјави дека третото продолжение некогаш нема да се сними, бидејќи проектот остана без режисерот Џое Карнахан, деновиве тој ги изненади своите обожаватели, кога со колегата Вил Смит ја потврдија информацијата.

Славната двојка, само за оваа пригода сними видео во кое, видно возбудени, двајцата актери потврдија дека „Лоши момци 3“ веќе се снима и оти тие се многу среќни поради тоа.

Освен на Вил и на Мартин, во филмот една од главните улоги му е доделена и на Дерик Гилберт. Новите режисери се Адил ел Арби и Билал Фалах, а сценаристи се Крис Бремнер и Џое Карнахан.

Да потсетиме, приходите од претходниот филм изнесуваа дури 140 милиони долари, а на неговата изработка беа потрошени 15 милиони долари.