Мараја Кери успешно ја заврши својата турнеја „All I Want For Christmas Is You“, со последен настап во „Медисон сквер гарден“, Њујорк.Таа заблеска на сцената во неколку свечени новогодишни костими.

Овој месец поп-ѕвездата имаше концерти во Атлантик Сити, Њу Џерси, Вашингтон, Ункасвил, Конектикат, Бостон и Масачусетс, пред големото финале во њујоршкиот „Медисон сквер гарден“.

Повод за турнејата е 25-годишнината од издавањето на нејзиниот албум „Merry Christmas“, кој повторно се искачува на врвот на топ-листите.