Овој период од годината е резервиран за дивата чии хитови уште повеќе нѐ радуваат за новогодишните празници. Тешко е да се поверува дека „All I Want For Christimas Is You“ излезе во 1994 година, пред 27 години. Мараја сега повторно ја проба среќата и, во соработка со Калид и Кирк Френклин, ја објави песната „Fall in Love at Christmas“.
И додека ги слушаме Мараја и Калед како пеат за заљубувањето во семејниот празничен дух, следниот момент Френклин нè носи во црква, потсетувајќи нè на моќта на благодатта и колку ни е потребна за да ги излечиме нашите срца.
Во видеото на оваа аренби-љубовна балада се појавуваат близнаците на пејачката, Монро и Морокан, како и нејзиното куче.
Иако „All I Want For Christimas Is You“ е на некој начин химната на Божиќ, не се сомневаме дека новата песна на Мараја ќе ја вклучиме меѓу нашите омилени празнични хитови.