Илјадници вештачки објекти, од кои повеќето веќе немаат никаква функција, се наоѓаат во орбитата на Земјата. Овие бескорисни објекти, односно вселенски отпад, претставуваат опасност за функционалните сателити што се користат за разни услуги, како што се ГПС и временска прогноза, бидејќи постои можност за судири.
За да го следат и предвидат „однесувањето“ на остатоците во вселената, професорот Мориба Јах и неговите колеги ја создадоа „Астриа граф“, мапа што речиси во точно време го покажува секој од објектите во вселената.
Јах откри дека системот во моментов следи околу 200 големи ракетни тела што може да се распаднат на илјадници парчиња и се сметаат за „темпирани бомби“. Патем, научниците следат повеќе од 26.000 индивидуални објекти, а нивната големина е различна.
Околу 3.500 објекти што се следат се всушност функционални сателити, додека сè друго е вселенски отпад. Количеството на вселенскиот отпад постојано се зголемува од 1950-тите години на минатиот век.