Една пливачка реши да ги истражи бреговите на архипелагот северозападно од брегот на Шкотска, во костим на малата сирена. Кејт Меклеуд од Уиг, на британскиот остров Луис, се интересираше за пливање во дивината уште како девојче, а последните 10 години не излегува од вода и во лето и зима. Таа вели: „Со живеењето на остров, морето мора да ве привлече“.
Оваа 24-годишна девојка сними документарен филм во четири дела за „Би-би-си“ именуван „Алба – сирен сторис“. Првата епизода ќе биде прикажана на 16 март. Перката е креирана на Хаваи. Кејт вели дека со неа застанала многу бродови, ги заинтригирала екипажите само за да ја прашаат што прави.
Кејт станала искусна пливачка под вода по повеќе години истражување на морето и езерата на нејзиниот островски дом. Уиг е познат по своите плажи. Само коњите – или понито во овој случај – можат да ја натераат Кејт да излезе од морето. Вели дека ѝ е потешко да плива со опашката, но дека тоа овозможува едно незаборавно искуство. Нејзиниот документарец наскоро ќе биде прикажан во четири дела.