Во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на изборите на убавина „Литл мис и Мис планет 2021“ и „Литл мис и Мис тин галакси 2021“, што се одржаа неодамна, Македонија имаше свои претставнички, четири млади девојки кои освоија четири титули во своите возрасни категории.

Миа Нецова, Ангела Атанасовска и Симона Петровска ги освоија вторите места, односно титули прва придружничка во конкуренција на тинејџерки, а малата четири ипол годишна Миа Петровиќ е прогласена за „Литл мис планет 2021“.

Сите девојки се членки на модното студио „Црнокрак“. Трите тинејџерки на изборите носеа креации од „Елена Лука“, студио „Краљевски“ и атеље „Жана“, а малата Миа беше облечена во модели на „Елена Лука“ и „Литл принцес Македонија“.

Учесничките поминаа прекрасни 10 дена во Дубаи, каде достојно ја претставуваа својата држава.