Еден македонски граѓанин годишно консумира околу 0,85 килограми сладолед. Статистиката покажува дека во минатата година едно домаќинство во Македонија просечно купувало и трошело по 3,4 килограми сладолед.

Податоците на Еуростат, пак, покажуваат дека жителите во ЕУ консумираат шест литри годишно.

Во Македонија годишното прозводстви на сладолед изнесува 23.088 хектолитри.

Најголем производител во Европа е Германија со годишно производство од 517 милиони литри. На второ место е Италија со 511 милиони литри, трета е Франција со 466 милиони литри, Шпанија е четврта со 319 милиони литри, а Велика Британија со 288 литри е на петто место.