Јапонската компанија „Мазда“ го претстави првото целосно хибридно возило „Мазда2 хибрид“ што се самополни. Новата „Мазда“ при забавување и сопирање кинетичката енергија ја претвора во електрична и ја складира во батерија со високи перформанси, пренесе „Танјуг“.

Автомобилот има потрошувачка на гориво од четири литри на 100 километри за градско возење или 3,8 на отворен пат, и емисија на јаглерод диоксид од 93 грама на километар при градско возење или 87 грама на отворено, објавија од јапонската компанија.

Нивото на полнење на батеријата постојано се контролира од генератор напојуван од бензински мотор, за да се елиминира потребата за полнење на системот од надворешен извор.

Погонот на автомобилот е комбиниран од трицилиндричен бензински мотор со волумен од 1.490 кубни сантиметри и снага од 68 киловати (93 коњски сили) и електричен мотор од 59 киловати за вкупна системска моќност од 85 киловати, односно 116 коњски сили.

При возење, автомобилот автоматски работи во електричен режим, додека при вообичаено возење моќта се распределува помеѓу бензинот и електромоторот, се вели во соопштението.

За потсетување, целосен хибрид по дефиниција е автомобил на кој за погон користи само електричен мотор. Во овој случај, електричниот мотор има, најмалку една третина од моќноста на моторот со внатрешно согорување. Во случај на делумен хибрид, електричниот мотор служи само за помош на моторот со внатрешно согорување.