Маж при садење на компири пронашол човечки череп, а останал целосно шокиран кога отишол да и соопшти на сопругата што пронашол.

– Не грижи се, тоа е мојот прв маж – му одговорила смирено жената и му рекла повторно да ги закопа остатоците и да не и кажува ништо на полицијата.

Неименуваната жена потоа признала дека пред 21 година за време на кавга го удрила со секира својот прв маж, потоа го исекла на парчиња и го закопала во градината. Жената тврди дека реагирала во самоодбрана, кога 52 годишниот маж стигнал дома пијан и почнал да ја тепа.

Откако го убила, се преправала дека заминал на работа и никогаш не се вратил, а потоа мирно продолжила со својот живот и се омажила повторно.

Черепот и другите коски неодамна ги пронашол нејзиниот втор сопруг на нивниот имот во село во омската област во југозападен Сибир.

Нејзиното барање да заборави и да не и каже на полицијата, тој го игнорирал и набргу го пријавил злосторството.

Жената признала дека го убила својот сопруг.

За време на истрагата жената е ставена во домашен притвор, а сега се соочува со обвинение за намерно убиство за што може да биде осудена и до 10 години затвор.