Мадона повторно докажа зошто ја има титулата кралица на попот и на скандалите со својот уникатен настап на доделувањето на наградите „Билборд“ за кој потроши дури пет милиони долари.

Настапот кој беше спектакуларен е подготвуван неколку месеци пред шоуто, а подготовки и напорни проби пејачката имала и во Лондон.

Необичната технологија, сцената што неколкупати се менува, кореографијата, се само дел од она што Мадона го донесе на сцената на доделувањето на наградите „Билборд“.

Медиумите пренесуваат дека таа вложила 5 милиони долари за да ја претстави новата песна „Меделин“ со Малум. Синглот што излезе минатата недела е вовед во новиот албум на Мадона инспириран од Португалија бидејќи пејачката живее во Лисабон неколку години.

Таа одлучи да живее во главниот град на Португалија бидејќи вели дека таму се најдобрите фудбалски тренери што ќе го тренираат нејзиниот син Дејвид Банда.