Мадона организирала забава во африкански стил за својот син Дејвид Банда, едно од четирите деца кои ги посвои од сиромашната африканска држава Малави. На фотографиите што Мадона ги објави на Инстаграм се гледа како Дејвид е облечен од главата до петиците во Гучи модели за неговиот 13-ти роденден.

И петгодишните близначки Стела и Естер исто така ги покажале своите Гучи комбинации за роденденската забава на Дејвид. Пејачката, пак, на забавата настапила свирејќи на инструмент наречен гимби.

Мадона има две биолошки деца – Лурдес (21) со нејзиниот тренер Карлос Леон и Роко (17) со режисерот Гај Ричи. Таа почна да посвојува деца од Малави во 2009 година, кога ја посвои ќерката Мерси Џејмс, Дејвид Банда го посвои во 2006 година, а близначките Стела и Естер беа официјално посвоени на почетокот на годинава. Мадона беше критикувана за посвојувањето на Дејвид Банда поради тоа што неговиот татко се уште е жив, но тој даде согласност за посвојувањето.