Мадона својот 60. роденден ќе го одбележи со акција за собирање на средства за децата од Малави, која започна денеска и ќе трае до 31-ви август, а ќе биде спроведена во соработка со Фејсбук.

Заинтересираните ќе можат донациите да ги уплатат директно преку нејзината официјална страница на оваа социјална мрежа, а собраните средства ќе бидат наменети за фондацијата „Рајзинг Малави“.

– Посветена сум да им обезбедам дом на овие загрозени деца. За мојот роденден не можам да замислам подобар подарок, истакна Мадона која на 16-ти август ќе наполни 60 години.

Мадона посвои четири деца од Малави, а фондацијата „Рајзинг Малави“ ја основа во 2006 година. Средствата кои ќе бидат собрани за нејзиниот 60. роденден ќе бидат искористени за храна, училишна опрема и за здравствена заштита за загрозените деца од оваа африканска држава.